MKDNews.com

Од полноќ нови цени на горивата

Од полноќ нови цени на горивата
октомври 03
07:17 2017

Дизел горивото од ноќеска на полноќ поскапe за два денара по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,83, односно за 2,8 отсто.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, односно остануваат 63,5 и 65 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 51,5 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 1,5 денари за литар и ќе чини 40 денари.

Со одлуката на РКЕ за 1,329 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на  мазутот М-1 НС и ќе изнесува 25,866 денари за килограм.

Како причина за зголемувањето на цените на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 5,19 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,0001 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com