MKDNews.com

Научниците од SETI : За 20 години ќе најдеме интелигентен живот!

Научниците од SETI : За 20 години ќе најдеме интелигентен живот!
октомври 02
07:25 2017

Институтот за екстра-вонземски живот поминал децении истражувајќи го мистериозниот и често необјаснетиот феномен – нашиот универзум – со надеж дека ваквите истражувања ќе ни помогнат да потврдиме дека постои и друга форма на живот.

Веб-страницата „Furusim“ направи интервју со Сет Шостак, сениор астроном на овој институт, за тоа до каде моментално е истражувањето за вонземјани. Тој храбро вели дека би се обложил со сите по шолја кафе дека ќе пронајдат вонземски живот во период од 20 години.

На прашање за тоа што науката има да каже за моменталното постоење на вонземјани, Шостак вели: „Многу малку – бидејќи немаме пронајдено“, потенцирајќи дека иако немале успех во пронаоѓање докази, она што било откриено за нашиот универзум не е безначајно. Всушност, овие наоди може да имаат големо значење за истражувањето.

„Може да најдеме микробен живот – оној вид што може да се најде во вашата када. Можеби ќе го откриеме тоа наскоро – останува да видиме. Но мислам дека ќе се случи во текот на вашиот живот“.

Шостак е убеден дека наскоро ќе откриеме постоење на вонземски интелигентен живот, контактирањето со нив не би било онака како што ние го замислуваме. „Не знам за воспоставување контакт. Ако тие се 500 светлосни години оддалечени, ќе слушнеме сигнал што ќе биде 500 години стар, а ако го емитувате назад, би биле потребни 1.000 години за повторно да слушнеме нешто од нив. Ако воопшто слушнеме нешто. Можеби нема да има контакт, но барем ќе знаеме дека тие се таму“.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com