MKDNews.com

Најголемата тиква во Европа (фото)

Најголемата тиква во Европа (фото)
октомври 10
09:16 2017

Матијас Вилемијнс од Белгија е производител на тиква тешка 1008 килограми, со која победи на Европскиот натпревар одржан на викендот во германскиот град Лудвигсбург.

Природата дава, но и човекот треба да се потруди заради постигнување повисоки резултати, гласи пораката на земјоделецот Матијас Вилемијнс од Белгија, производител на тиква тешка 1008 килограми, со која победи на Европскиот натпревар одржан на викендот во германскиот град Лудвигсбург. Манифестацијата е дел од Изложбата на најголеми тикви која во градот се одржува до 5. ноември.