MKDNews.com

Моден хит: Во Париз се носат бели чизми

Моден хит: Во Париз се носат бели чизми
октомври 05
05:56 2017

Улиците на романтичкиот Париз, во текот на Модната недела пролет/лето 2018, изминатите денови ги преплавија сите можни верзии на бели чизми, и тоа оние до или над глуждот.

Ги носат апсолутно сите, од руската стилска икона и водечка претприемачка во дигиталните медиуми Мирослава Дума, италијанската стилистка и дизајнерка, модната икона Ерика Пелосини, Кристина Сентенере (уредничката на австралискиот „Вог“), Јасмин Севел до модните блогерки и манекенките, меѓу кои е и ангелот на „Викторијас сикрет“ Сара Сампајо.

Најпопуларни се оние во висина на глуждот со „блок“ пета, а во чекот ги следи и шпиц моделот со тенка потпетица. Дамите ги комбинираат во најразлични варијанти – со фармерки со широк крој, костуми, долги капути, кожени мини здолништа и секако со есенските фустани. Иако не се баш најпрактично парче за дождливата сезона, белите чизми се продаваат „како алва“.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com