MKDNews.com

МАНУ одбележа 50 години постоење

МАНУ одбележа 50 години постоење
октомври 10
08:58 2017

Вчера МАНУ одбележа 50 години од своето постоење што секако е јубилеј кој е и повеќе од достоен за сите честитки и пофалби кои се неопходни за признавање на оваа значајна институција на вака важен датум.

На собирот во Македонската опера и балет, присуствуваа претседалот на РМ Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието Талат Џафери, пратеници, министри во Владата, претседатели на академии на земјите од регионот, амбасадори.

Таки Фити, претседателот на МАНУ, на вчерашната Свечена академија нагласи дека развојната траекторија на МАНУ потврдува дека уште од првите декади по формирањето, Академијата навлегла во фазата на нејзината зрелост и израснала во темелник на македонската наука, јазик, култура и историја и, како што рече, во еден од стожерите и симболите во државноста на Македонија.

Сепак, откако ќе завршат честитиките ќе мора академиците да преземат посериозни чекори за преземање на својот дел од одговорноста во општеството и да продрат плодлабоко во најгорливите проблеми нудејќи свои решенија и одговори секако без потреба никој да ја политизира или партизира нивната работа како што тоа се случуваше во минатите години.

Доаѓањето на Таки Фати како претседател на МАНУ покажа знаци дека академиците нема да молчат пред неправдите и ќе се изјаснат кога е потребно за погрешните одлуки и преземени чекори иако тоа ќе значи и трпење на залепените политички етикети и партиски притисоци.

Фити беше и критичен и потсети дека МАНУ во одредени периоди била и користена за политички цели што фрлило сенка врз институцијата како поддршката за размена на територии во 2001 година.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com