MKDNews.com

Конгресмен поднесе резолуција за отповикување на Доналд Трамп

Конгресмен поднесе резолуција за отповикување на Доналд Трамп
октомври 12
07:36 2017

Конгресменот Ал Грин поднесе резолуција за отповикување на претседателот Доналд Трамп, но ја повлече веднаш пред да почне каква било законадавна расправа.

Тој сепак најави дека повторно ќе поднесе таква резолуција и планира на крајот да издејствува гласање за неа.

Грин, демократ од Тексас, ја поднесе резолуцијата од 15 страници во Претставничкиот дом при американскиот Конгрес, во која Трамп не се обвинува за злосторства, бидејќи според него тоа не е потребно за разрешување.

Наместо тоа, тој како причина за смена од функцијата ги наведува изјавите и акциите на Трамп за муслиманите, жртвите од ураганот во Порторико, трансродовите лица, спортистите…

Конгресменот тврди дека Трамп, меѓу другото, поттикнува расизам, сексизам, омраза, ксенофобија…

Со помош на посебна процедура, Грин би можел да издејствува гласање на резолуција за отповикување на претседателот Трамп.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com