MKDNews.com

Црвена Ѕвезда со 39 разлика го победи МЗТ: Се посрамотивме прво себе си, а потоа и клубот

Црвена Ѕвезда со 39 разлика го победи МЗТ: Се посрамотивме прво себе си, а потоа и клубот
октомври 30
21:58 2017

МЗТ Скопје Аеродром денеска беше поразен убедливо со 39 поени разлика од актуелниот АБА шампион Црвена ѕвезда со конечни 112-73.

Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром го претрпе и четвртиот пораз во регионалната АБА лига.

Предвоникот на МЗТ Скопје, Алексанар Тодоров очекуваше пораз на дуелот со Црвена Звезда, но не и малодушна игра на неговите избраници, како што самиот истакна на прес-конференцијата по завршување на мечот.

– Знаевме дека Црвена Звезда е подобра екипа од нас. И овој меч повеќе или помалку беше очекувано да го загубиме. Не гледам тим кој може тука да ја совлада Звезда, дури и многу појаки екипи од нас. Намерно го избравме овој момент за промени во составот, но не ни помислував дека против евролигашки тим ќе играме малодушно и без залагање. Се посрамотивме прво себе си, а потоа и клубот. Ни на сон не помислував дека ќе загубиме со 39 поени разлика, особено што целото второ полувреме противникот го играше со резерви. Оние помладите кои играат само во македонската лига видоа зошто не играат и во АБА, едноставно се срамам, изјави Александар Тодоров.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com