MKDNews.com

Анџелина Џоли се понудила да го фати најопасниот воен криминалец

Анџелина Џоли се понудила да го фати најопасниот воен криминалец
октомври 10
07:53 2017

Во планот кој потсетува на веќе видено холивудско сценарио, Анџелина Џоли требала да помогне во фаќањето на господарот на војната, Џозеф Кони.

Имено, требала да го повика на вечера.

Се појавија меиловите на Меѓународниот кривичен суд и покажуваат дека џоли сама се понудила заедно со американските трупи да го “лови Кони во Централноафричката Република и да помогне да се намами да излезе од засолништето“.

„Заборавите на другите славни личност. Таа е вистинската“, напишал во еден меил во 2012, Луис Морено Окампо, поранешниот шеф на обвинителството на МКС.

„Таа би сакала да го уапси Кони. Подготвена е. Веројатно ќе оди и Бред“.

„Изгледа можеш да се вклучиш во специјалните сили кои го ловат Кони. Може ли Бред да дојде со тебе?“ – напишал Морено Окампо во меилот до актерката, на што таа одговорила: „Бред ми дава поддршка. Ајде да се договориме за логистиката. Ви испаќам љубов XXX”.

Ништо од овој план не можело да се пронајде во 40.000 меилови кои се раширија низ интернет, а Џоли одби да коментира.

Морено Окампо беше главен обвинител на Меѓународниот кривичен суд од 2003 до 2012 година и меиловите сугерираат дека бил маѓепсан од славните луѓе, а посебно од Анџелина.

Тие неколку пати разговарале на различни теми, но таа престанала да му одговара на меиловите пред крајот на неговиот мандат во МКС.

На меилот: „Драга Енџи се надевам дека си добро. Ми недостигаш“ – не добил одговор.

Кони уште е на слобода.