MKDNews.com

11 октомври неработен ден за сите

11 октомври неработен ден за сите
октомври 04
20:11 2017

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 11 октомври 2017 година (среда), Денот на народното востание, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Министерството за труд и социјална политика им го честита Денот на народното востание на граѓаните на Република Македонија.