MKDNews.com

Заев тврди дека Жерновски ќе се откаже од трката за градоначалник

Заев тврди дека Жерновски ќе се откаже од трката  за градоначалник
септември 13
07:17 2017

Премиерот Зоран Заев во емисијата „Отворено“ на телевизија „24 вести“ вчера соопшти дека актуелниот градоначалник на Општина Центар, Андреј Жерновски ќе ја повлече кандидатурата за втор мандат во Центар, а за тоа ќе добие место во извршната власт.

Според Заев, сѐ уште е неизвесно кој ќе биде кандидатот на СДСМ за градоначалник на општина Центар, а во јавноста се шпекулира со неколку имиња.

Официјалната одлука на партијата треба да биде донесена денеска.

Сепак, се чини дека ништо нема да се знае до последниот рок со оглед на тоа што Жерновски собра потписи за да се кандидира како независен кандидат со сопствена советничка листа и во законскиот рок ги поднесе до ДИК откако СДСМ најави дека нема да го поддржи во Центар.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com