MKDNews.com

ВМРО-ДПМНЕ: Смешно е образложението на Анѓушев дека ништо не е спорно во добивањето на тендерот

ВМРО-ДПМНЕ: Смешно е образложението на Анѓушев дека ништо не е спорно во добивањето на тендерот
септември 13
06:58 2017

Вицепремиерот Кочо Анѓушев се обидува да ја изманипулира јавноста со оправдување дека тој не е управител на фирмата Фероинвест која е во игра за тендер за набавка на гуми за РЕК Битола, туку само сопственик, обвини денеска ВМРО ДПМНЕ.
Според Златко Перински член на извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, можеби Кочо Анѓушев се откажа од својата плата кога стапи на функцијата, но очигледно своето домашно салдо го надокнадува со тендерите.

И тоа ни помалку ни повеќе, туку милионски тендери во висина од 2,6 милиони евра за државната компанија ЕЛЕМ.
-И малите деца знаат дека ова е скандал од огромни размери. Вицепремиерот во владата на Заев и Социјал-демократскиот сојуз, си додели тендер сам на себе во висина од 2,6 милиони евра. Ние предупредивме уште претходно за ваквите „бонбона бизнис” намери на оваа влада, дека нивната цел е само личниот интерес и личното богатење со парите на граѓаните, а тоа се потврди и изминатите 100 дена.
Тој го повика Јавното обвинителство да утврди кривична одговорност за тоа како се влијаело и под кои услови тендерот паднал во рацете на фирмата „Фероинвест“ која е во сопственост на вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Управителот на Фероинвест Ратко Ѓорѓиевски на вчерашната прес конференција изјави дека Фероинвест и во иднина ќе учествува на сите јавни огласи каде има деловен интерес и каде може да понуди свои производи.
Вчера и антикорупциска комисија, излезе со став дека нема судир на интереси фирмата на вицепремиерот Анѓушев да учествува на тендер и да ги добие. Претседателот Игор Тантуровски изјави дека етичкиот и моралниот дел како заменик претседател на Владата треба да го носи самиот сопственик на фирмата.

Во одбрана на Анѓушев застана и премиерот Зоран Заев кој истакна дека во случајов е важно да има разграничување на тоа кога има, а кога нема конфликт на интереси. Тој додаде дека во случајов вицепремиерот Анѓушев се откажал од управувањето со фирмата кога бил назначен за член на Владата.
Анѓушев откако стапиу на функцијата вицепремиер веќе не е управител во неговите фирми, но тој не се откажа од нивната сопственика структура.

<

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com