MKDNews.com

Ураганот Ирма стигна на Флорида: Едно лице загина, а морето се крена за 4,5 метри

Ураганот Ирма стигна на Флорида: Едно лице загина, а морето се крена за 4,5 метри
септември 11
07:38 2017

Ураганот Ирма со екстремни ветрови буквално ја крена водата од морето за да ја истури повторно по својата патека – феномен според кој центарот на невремето, поради големата јачина и нискиот притисок, ја собира водата по својата траекторија и зема замав пред да се истури на копното каде што постепено ќе ја губи силата. Ирма прво ги погоди Ки Вест, коралните острови на југот на Флорида, кои со надморска височина од само два метри се на ударот на бранови што достигнуваат и до 4 ипол метри, поради што на сите жители им беше наредена итна евакуација. Најсилниот удар се очекува изутрина./Изутринава во северниот квадрант и се очекува да трае 36 часа.

„Тргнете се од зоната на најсилниот удар, влезете во градба што може да го издржи невремето. Нема безбедна област во Кис. Ако не се евакуирате, вашиот живот е во ваши раце. Времето за евакуација во околината Монро заврши, нивото на водата расте. Одете на повисоко. Останувате сами на себе додека да биде безбедно да се вратиме“, изјави Брок Лонг, шеф на федералната агенција за управување со вонредни ситуации.

Предупредување е издадено за речиси цела Флорида – вкупно 36 милиони луѓе, од кои за над 6,3 милиони важи наредбата за итна евакуација. Повеќето се на западниот дел на полуостровот кој ќе го добие најтешкиот удар, но и источниот силно ги чувствува ефектите на Ирма која татни со 209 километри на час. На улиците ризикуваат само итните служби и репортерите кои известуваат од минута во минута и јавуваат за празни градови на духови.

„Се чувствувам како да стојам пред мотор на авион, како да ме прободува секој налет на ветрот. Носи песок од плажата во моја близина. Дрвјата зад мене се виткаат, а некои целосно се скршија. Она е опасно, уличниот знак се тресе неконтролирано. Станува се поопасно, се уште го чекаме најсилниот удар. Сите што не ја послушале наредбата за евакуација на Мајами Бич, време е да се вкопаат во засолниште. Штотуку почнува и ќе биде полошо“, посочи Дерек Ван Дам, метеоролог на ЦНН

Според последните податоци, над 420 илјади субјекти останале без струја, главно во Ки Вест и околијата Мајами-Дејд. Се очекуваат поплавни бранови и до 4 ипол метри. Ирма ќе помине низ поголеми градови како Мајами и Тампа. Евакуацијата се одвива на север во услови на заглавени автопати и недостаток од бензин. Како што порачаа спасувачките служби, дури ни тие нема да бидат на улиците за време на најсилниот удар, за да им помогнат на тие што се во опасност.

„Нема други летови, мораме да се вратиме дома со бебето Џонатан и со Еј Џеј. Ќе се вратиме во нашата куќа во Мајами“, вели Жителка на Флорида

Иако повеќето жители ја сфатија сериозноста на ситуацијата, дел решија да не ги напуштаат своите домови. Некои веруваат во цврстината на своите домови, други стравуваат од кражби, трети не сакаат некој да им кажува што да прават, а има и такви што организираат забава за време на ураганот. Во меѓувреме, полицијата на Флорида мораше да издаде сериозно предупредување, граѓаните да не пукаат во ураганот со огнено оружје бидејќи тоа нема да го натера да си оди, туку може да има многу штетни последици. Полицијата се огласи по апел на фејсбук да и се возврати на Ирма со оружје, кој стана многу популарен – околу 25 илјади луѓе потврдиле дека ќе пукаат, уште 53 илјади биле заинтересирани.

Барај Вести