MKDNews.com

УХМР предупредува, доаѓа страшно невреме

УХМР предупредува, доаѓа страшно невреме
септември 09
15:47 2017

Од Грција кон Македонија доаѓа невреме кое ќе донесе поројни дождови, грмежи и ветер. На места врнежите ќе бидат пообилни, а повеќе ќе бидат застапени во источните делови, каде ќе бидат локализирани, но со услови да бидат проследени со поинтензивни процеси.

Во моментов од Грција кон Гевгелија надоаѓа нестабилна воздушна маса од поголеми размери и во овој регион наскоро ќе има пороен дожд со грмежи и засилен ветер.

Истовремено Штип ќе биде зафатен од помала нестабилна маса што ќе предизвика слични појави.

Утре и во понеделник ќе биде претежно сончево и топло, на повеќе места со натпросечни дневни температури на воздухот (максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 35 степени).

Во понеделник во текот на ноќта и во вторник преку денот повторно ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, но претежно во западните делови од земјава. Во понеделник и во вторник ќе дува засилен југозападен ветер.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com