MKDNews.com

Собранието не ја прифати интерпелацијата за министерот Димитров

Собранието не ја прифати интерпелацијата за министерот Димитров
септември 12
07:51 2017

Собранието на Македонија не ја прифати интерпелацијата за работата на министерот за надворешни работи Никола Димитров, поднесена од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

За интерпелацијата гласаа 43 пратеници, а против се изјаснија 56. „

Европа виде колку е рискантна стратегијата на статус-кво, да се остави една земја да чека затворена во чекалницата, бидејќи се создава контекст што не одалечува од целта.

Покрај тоа и мирантската криза ја убеди Европа дека Балканот е интегрален дел на безбедноста на Европа. Ако ние ги убидиме дека можеме да направиме чекори кон вистинска демократија и ако затвораме прашања што се тешки можеме само да си го отвориме патот“, изјави Димитров.

На дневен ред на 13-тата седница се и интерпелациите за работењето на министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство и за труд и социјална политика, Љупчо Николовски и Мила Царовска. Седницата ќе продолжи денеска во 16 часот.

Барај Вести