MKDNews.com

Се предупредуваат македонските граѓани да се евакуираат: Ураганот Ирма ноќеска ќе ја погоди Флорида

Се предупредуваат македонските граѓани  да се евакуираат: Ураганот Ирма ноќеска ќе ја погоди Флорида
септември 09
21:03 2017

 

Најстрашниот ураган досега кој е забележан во САД и кој се формираше над Атлантикот направи хаос на многу места во оваа земја условувајчи и големи поплави и прекин на електричната енергија.

Во текот на оваа ноќ а особено утре и во понеделник овој страшен ураган ќе ја погоди и Флорида каде ќе предизвика обилни дождови и урагански ветрови кој ќе достигнуваат брзина дури од над 150 км/час а понекаде дури до околу 200 км/час а поради ваквата состојба можни се и големи штети како и поплави.

Се предупредуваат македонските граѓани кои се наоѓаат токму на Флорида многу добро да се евакуираат и заштитат од овој страшен ураган и да ги почитуваат советите на тамошната власт.

Претходно ураганот го погоди северниот дел од Куба со јачина од максимални пет степени, со ветришта кои носеа се пред себе со брзина од 215 километри на час. Во моментот на напуштање на Куба , ураганот ослабна на трета категорија , но повторно достигна до максималните пет.

 

Се очекува Флорида да биде погодена со јачина од четврта категорија , а најголемата сила ќе ја има в недела наутро. До тогаш илјадници возила се движат подалеку од линијата на ураганот, прифатилиштата се преполни , а продавниците со основни прехрамбени производи се испразнети.

Следна по Флорида е Џорџија , од каде веќе сe евакуирани 540 илјади жители . Веднаш по Ирма , јужните делови на САД ќе бидат погодени и од ураганот Хозе , кој ќе биде од трета категорија со брзина на ветрот од 193 километри на час.

По него следува ураганот Катја , кој ќе го поплави и сега веќе уништеното крајбрежје на Мексико.

Барај Вести