MKDNews.com

Саудиска Арабија го финансирала нападот на 11. септември ?!

Саудиска Арабија го финансирала нападот на 11. септември ?!
септември 11
07:54 2017

Весникот ‘New York Post’ објави дека постои доказ за Саудиска Арабија , дека ги финансирала пробите за нападот на 11- ти спетември 2001 , кога загинаа речиси 3 000 луѓе .

Во пресрет на одбележувањето на годишнината од терористичкиот напад , најголем во историјата на САД , весникот објавува дека има докази во се уште отворената истрага . Доказите биле предадени како дел од тужбата против Саудиска Арабија .

Во неа се наведува дека амбасадата на оваа земја им платила на двајца Саудиски државјани да летаат од Феникс до Вашингтон , како дел од пробниот лет на две години пред да се случи трагедијата .  Билетите за летот биле платени од Саудиската амбасада во Вашингтон .

Саудиска Арабија ги негира ваквите наводи . Меѓутоа адвокатите на жртвите тврдат дека доказите покажуваат ,,која е причината , финансиската и оперативната поддршка” .

Адвокатот пак , кој  застапува две Саудиски добротворни организации , кои се обвинети заедно со Саудиска Арабија тврди дека доказот заедно со материјалот е полн со алузии и индиции .

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com