MKDNews.com

Почина Љубиша Самарџиќ

Почина Љубиша Самарџиќ
септември 09
09:14 2017

Почина Љубиша Самарџиќ, актер и режисер, познат по бројните филмски и театарски улоги на екс Југословенските простори.

Љубиша Самарџиќ е роден на 19.ноември 1936 година во Скопје во рударско семејство. Студирал право , а потоа продолжува на факултетот за драмски уметности во Белград. Публиката го памти по улогата во филмот ,,Песочен град” во 1963 година по што го добива прекарот Смоки.

Играше во филмовите ,,Сутјеска, Неретва, Работа на одредено време , Татко на одредено време , како и во телевизиските серии Враќање на отпишаните, Каде одат дивите свињи , Подобар живот , полицаецот од петлов рид .

Особено ќе биде запаметен по улогата на Шурда во Жежок ветар.Ги режираше филмовите Небесна јадица ,Есента доаѓа дуњо моја , Мирис на дождот на Балканот. Наташа Ледина и коњи врани. Добитник е и на наградата Златен лав во Венеција за улога во филмот Странец.

Самарџиќ минатата година имаше операција на мозокот , а подолго време боледуваше од леукемија. Во брак беше 50 години со сопругата Мирјана , со која има две деца.

Барај Вести