MKDNews.com

Победата на Игор Стефановски Иџе во Белгија (видео)

Победата на Игор Стефановски Иџе во Белгија (видео)
септември 18
05:20 2017

Игор Стефановски-Иџе победи на втората трка од денешната програма во Европскиот шампионат на кружни патеки (ЕТТЦ), која се возеше во Золдер, Белгија. Иџе првата трка ја заврши на осмата позиција.

Првата трка Иџе ја стартуваше од втората позиција, која ја задржа до последниот круг кога кратко застана во боксот, се врати на патеката и заврши на осмото место, што му донесе еден бод во вкупниот пласман.

Поради пласманот во првата трка, Стефановски во втората страртуваше од првата позиција и со сигруно возење ја задржа до крајот и триуфираше пред Рикили и лидерот во генералниот пласман Фулин.

Најдобриот македонски автомобилист во Золдер ја забележа втората победа во сезоната и трета во кариерата.

Со бодовите од двете трки (еден во првата и десеет во втората) во Золдер, Иџе со 55 бодови е трет во генералниот пласман, во кој лидер со 63 бодови осум помалку од лидерот Фулин.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар