MKDNews.com

По поразот од Македонија, Израел го избрка капитенот

По поразот од Македонија, Израел го избрка капитенот
септември 03
11:37 2017

Раководството на израелската фудбалска федерација одлучи да го отстрани капетанот Еран Захави од репрезентацијата.
Причината за ова беше однесувањето на играчот од средниот ред по поразот синоќа на домашен терен со 0:1 од Македонија во меч од светските квалификации.

Лут на свирежите и навредите на негова сметка од страна на незадоволните израелски навивачи на трибините, Захави ја симна капитенската лента и ја фрли на земја.

Од локалната федерација се категорични дека 30-годишниот играч од средниот ред веќе не може да биде капитен на националниот тим. Тој, исто така, нема да патува со составот за мечот со Италија во вторник во Реџо Емилија.

Барај Вести