MKDNews.com

Од секс бомба до пропадната жена: Се лечела од алкохолизам, спасот го нашла во пилатес (фото)

Од секс бомба до пропадната жена: Се лечела од алкохолизам, спасот го нашла во пилатес (фото)
септември 04
07:48 2017

На 25 години се прослави со улогата на фатална жена во филмот „Телесна страст“ и го освои светот.

Денеска има 63 години и поради тешката болест не потсетува воопшто на заводничката која светот ја обожаваше.

Сега ги моли фановите да ја разберат нејзината положба и да ја прифатат каква што е.

Легендарната Кетлин Тарнер, која своевремено важеше за една од најубавите актерки на светот, откри дека нејзината убавина била уништена од болеста ревматоиден артритис.


Холивудската ѕвезда била натечена од лековите и операциите, и во текот на времето го променила физичкиот изглед.

Со болеста почнала да се бори пред две децении, а тогаш се шпекулирало дека алкохолот е виновен за нејзината состојба.

„Бев надуена како балон од лековите. Беше навистина “гадно“, изјави Кетлин и додаде дека почнала да пие за да може да се соочи со својата болка.

Изјави дека пиела за да ја ублажи болката. Поради алкохолизмот, имала проблеми со движењето, не можела да се фокусира, облече…

Foto: Getty

Животот и се променил.

Неодамна успеала да го прекине деструктивниот круг со помош на пријателите и семејството, а и артритисот попушта. Кетлин секојдневно оди на акупунктура.

„Најмногу ми помогна пилатесот. Го обожавам!“ – изјавила актерката свесна дека никогаш нема да изгледа како некогаш и на фановите им порача дека мораат тоа да го прифатат.

Барај Вести