MKDNews.com

На женските чанти има повеќе бактерии отколку во тоалетната школка

На женските чанти има повеќе бактерии отколку во тоалетната школка
септември 21
06:07 2017

Според најново истражување на Институтот „Гуд хаускипинг“ во домот постојат осум места и предмети, на кои има повеќе бактерии отколку во тоалетната школка. Меѓу нив се и четкичката за заби, далечинскиот управувач и крпите во бањата.

– Малкумина се оние кои имаат време еднаш во седмицата да исчистат се што треба, но и кога имаме време, ги занемаруваме нештата кои носат опасност – се вели во студијата.

На четкичката за заби се собираат бактерии од устата на човекот кој ја употребува, но и од ВЦ-школката во близина и воздухот што струи. За да се спречи ширењето бактерии, експертите препорачуваат редовно пуштање вода и секогаш да го спуштаме капакот на тоалетната школка.

Магнет за бактерии се и тастатурата, екранот, кујнските крпи и сунѓери, милениците, теписите… Тука се вбројува и чантата, која жените честопати ја спуштаат на под, без разлика каде во моментот се наоѓаат.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com