MKDNews.com

Македонец убиен во ресторан во Мелбурн, Австралија (видео)

Македонец убиен во ресторан во Мелбурн, Австралија (видео)
септември 09
21:25 2017

Дени Димовски (31) е избоден до смрт во тепачка на забава во еден ресторан во западниот дел на Мелбурн, Австралија, јавуваат австралиските медиуми.

Несреќниот настан се случил во ресторанот „Корзо грил“ во Каролин Спрингс во раните утрински часови во саботата рано наутро. Полицијата соопшти дека групата избегала од местото на настанот. Групата заминала пеш од македонскиот ресторан откако жртвата била прободена неколку пати, но се верувало дека имало неколку автомобили во близина.

Димовски починал веднаш откако бил пренесен во болница.

Сопствениците на ресторанот Џим и Јасмина Рибаровски, изјавиле дека Димовски бил редовен гостин во нивниот ресторан.

Извор: Мета

Барај Вести