MKDNews.com

Клуни веќе е уморен татко!!!

Клуни веќе е уморен татко!!!
септември 04
07:53 2017

Холивудската ѕвезда Џорџ Клуни призна дека е далеку од совршен татко.

Големиот заводник и шмекер за странските медиуми конечно проговори како е да е да се стане татко на 56 годишна возраст.

„Искрено не очекував дека со 56 години времето ќе го минувам држејќи близнаци. Се уште не сум се прилагодил , но веќе сум и помалку уморен од родителските обврски, изјави Клуни , додавајќи со насмевка на лицето дека „пред малку го бришел јадењето од облеката на близнаците“, но и дека одлично се снаоѓа во менувањето на пелени!

Мегапопуларниот актер смета дека неговата сопруга Амал е извонредна мајка.

-како атлетичарка е . Совршено добро се снаоѓа и веднаш стана стручњак за бебиња, изјави Клуни на прес-конференција во Венеција каде го промовира филмот „”Suburbicon.

Барај Вести