MKDNews.com

Италијанка се омажи за самата себе

Италијанка се омажи за самата себе
септември 30
08:43 2017

Италијанката Лаура Меси стана вистинска интернет-сензација откако организирала комплетна церемонија и свадбена веселба за 70 гости, пред кои се омажила за самата себе.

– Длабоко во себе верувам дека секој од нас, во прв ред, мора да биде вљубен во себе и да се сака самиот себе. Можете да имате своја бајка, а притоа да не ви е потребен принц. Мислам дека токму тоа и го докажав – рекла 40-годишната инструкторка по фитнес, пренесува „Дејли мејл“.

Секако, самата церемонија на венчавање нема никаква законска тежина, но Лаура Меси рекла дека ѝ е мило што станала дел од сеприсутниот тренд на сологамија. Таа и следбениците на овој тренд се залагаат за соло-венчавки и велат дека, всушност, станува збор за самољубие и прифаќање на среќата на нив самите.

Лаура додала дека на оваа идеја дошла пред две години, кога ја прекинала врската долга 12 години.

– Тогаш им реков на своите пријатели дека, ако не најдам сродна душа до 40-тиот роденден, ќе се омажам за самата себе. Ако еден ден пронајдам маж со кого ќе бидам среќна, ќе ми биде мило. Но, на овој начин сакам да покажам и дека нечија среќа не треба да зависи од принцот на белиот коњ – заклучила Лаура.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com