MKDNews.com

Индиски дизајнери направиле клима уред кој работи без електрична енергија

Индиски дизајнери направиле клима уред кој работи без електрична енергија
септември 23
09:46 2017

Компанијата „Ant Studio“, со седиште во Њу Делхи, успеа да дизајнира и да изгради структура која ја има истата функција како клима уред, односно го разладува воздухот. Притоа, оваа структура не користи електрична енергија, што ја прави идеална за користење и во посиромашните краеви на Индија.

Структурата е составена од стотина глинени цевки кои создаваат кошница внатре во металната рамка. Во изработката помогна и компанијата „Deki Electronics“, која исто така е сместена во главниот град на Индија.

Кога кошницата ќе се наполни со вода, глинените цевки ја апсорбира водата и од нив испаруваат ладни воздушни струи додека низ нив поминува топол воздух. Структурата е со прифатлива цена приспособена на помалку имотните краеви во Индија. Исто така, не е нездрава за воздухот и атмосферата.

„Како архитект, сакав да пронајдам решение кое е еколошки прифатливо но и уметнички настроено, а притоа да ги претставува и традиционалните занаети“, рече Мониш Сирипурар, основачот на „Ant Studio“.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com