MKDNews.com

Гугл денеска наполни 19 години

Гугл денеска наполни 19 години
септември 27
15:33 2017

Гугл денеска слави 19 години и по тој повод одлучи да приреди голем број изненадувања.

На страницата на пребарувачот се нуди т.н. Гугл Дудл спинер со кој може да се избере игра која сакате да ја играте.

Интересно е што станува збор за многу стари, но се уште омилени компјутерски игри, како што е „Снејк“. Меѓу 19-те игри се и „Тic-tac-toe“, квизот „Earth Day“, „Пекмен“, но и „Halloween game“.

Инаку, Гугл е формиран во 1997 година кога неговите основачи Лери Пејџ и Сергеј Брин се запознале на Универзитетот Стенфорд и одлучиле да креираат систем со кој ќе ги организираат информациите на Интернет. Канцеларијата ја отвориле во гаража и почнале да работат.

Денес Гугл има преку 4,5 милијарди корисници од околу 160 земји.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com