MKDNews.com

Гори старата касарна во Охрид: облаците густ чад ги вознемирија охриѓани (фото/видео)

Гори старата касарна во Охрид: облаците густ чад ги вознемирија охриѓани (фото/видео)
септември 12
07:14 2017

Вчера голем пожар ја зафати поранешната охридска касарна „Михајло Апостолски“

Гореше сува трева и високи стебла во самата касарна. На терен излегоа  екипи на против пожарната единица на град Охрид, на помош се и пожарникарските возила од аеродромот во Охрид како и локалното население. Високите пламени јазици биле видливи и од централното градско подрачје.

Интервенирано е со 4 возила и 16 пожарникари, кои го ставија пожарот под контрола уште пред да заврне дождот. – изјави Спасе Прентоски, командир на ПТПЕ Охрид.

Барај Вести