MKDNews.com

Германија би можела да ја стави Турција на листата на опасни земји

Германија би можела да ја стави Турција на листата на опасни земји
септември 13
07:56 2017

Германската Влада ја разгледува можноста да ја стави Турција на листата на земји кои во безбедносна смисла се многу ризични за разузнавачките агенти, објавија германските медиуми.

Весникот „Зидојче цајтунг“ и телевизиите WDR и NDR ги пренесоа зборовите на портпарол од Министерството за внатрешни работи на Германија дека листата моментно се ревидира.

– Во рамки на овој процес, Министерството за внатрешни работи размислува дали да ја додаде Турција на таа листа, истакна неименуваниот портпарол, а моментно на листата се наоѓаат Кина, Русија, Пакистан, Северна Кореја и уште 26 земји.

Некои германски разузнавачки служби, кои сметаат дека Турција е помалку партнер, а повеќе непријател, побараа проширување на разузнавачката контрола врз активностите во таа земја во борбата против Исламска држава.

Некои од тие безбедносни агенции ги предупредиле своите вработени на опасност при патување во Турција.

Најновите медиумски наводи стигнуваат во момент кога односите меѓу двата партнера во НАТО се затегнати, а германските власти се закануваат дека ќе ја ограничат продажбата на оружје за Турција.

Анкара смета дека таквиот потег може да ја загрози нивната заедничка борба против ИД.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com