MKDNews.com

Бред и Анџелина ќе си дадат уште една шанса?!

Бред и Анџелина ќе си дадат уште една шанса?!
септември 06
07:07 2017

Најгламурозната брачна двојка во Холивуд неколку месеци по разделбата одлучи да си даде уште една шанса. Бред Пит и Анџелина Џоли се повторно заедно?

По интензивното „спиритуално“ советување Бред и Анџелина наводно се повторно заедно, тврди нивниот биограф Јан Халперин.

42 годишната Анџелина и 53 годишниот Бред пред неколку месеци ја шокираа јавноста кога објавија дека се разведуваат, но најверојатно мегапопуларните актери одлучиле на љубовта да и дадат уште една шанса.

-Бред го направи првиот чекор кон Анџелина по што тие се прегрнаа. Имаше многу солзи. Ништо не остана недоречено. Своите проблеми се обидоа да ги решат во таа скромна куќа: одлучија повторно да бидат заедно. Таа жестока расправија го означи почетокот на нова фаза во нивната врска, изјави Халперин.

Покрај  тоа Бред и Анџелина одлачиле заедно да одат на советувања и рехабилитација.

Холивудските ѕвезди инаку наводно себе си се гледале како славната брачна двојка Ричард Бартон и Елизабет Тејлор кој многупати се разделувале и смирувале.

Барај Вести