MKDNews.com

Бијонсе им дели храна на настраданите од ураганот ,,Харви “

Бијонсе им дели храна на настраданите од ураганот ,,Харви “
септември 10
09:08 2017

Бијонсе се врати дома во родниот Хјустон и веднаш се вклучи во хумана работа – дели храна за настраданите од ураганот ,,Харви “.

Илјадници луѓе останаа без своите домови во невремето што го погоди Хјустон , Тексас.

Нејзината мајка Тина на социјалните мрежи објави дека славната пејачка е на линијата за делење храна заедно со нејзиниот колега , пејачот Мајкл Вилијамс . ,,Мајкл дели пилешко , Бијонсе грашок , а јас делам леб “ , напиша мајката на Бијонсе.

Тоа било трето место каде се делела храна , откако Бијонсе организира ручек за 400 свои сограѓани . Таа делеше помош и на настраданите од Хјустон и во црквата Св. Џон , каде сите волонтери носеа маички со нејзиниот амблем .

Oсвен Бијонсе , помош за настраданите делеше и Џенет Џексон , Кевин Харт и други ѕвезди , кои работата и како дел од Црвениот крст.

Барај Вести