MKDNews.com

Бакрачески: Се што СДС прокламираше за само 100 дена погази, горд сум што сум дел од ВМРО-ДПМНЕ

Бакрачески: Се што СДС прокламираше за само 100 дена погази, горд сум што сум дел од ВМРО-ДПМНЕ
септември 13
07:50 2017

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески  имаше говор пред Советот на општината, каде кажа дека е горд што Гордана Коњаноска била претседателка на Советот. Тој кажа дека таа покажала како се подига нивото на општење со Советот, со граѓаните и со институциите. Тој во говорот се осврна и на многу теми за локалната самоуправа, но и за темите од национален и она што го има сработено новата власт во првите 100 дена.

-Нема да се срамам ако некој и аплаудирал тогаш кога на паушални и произволни тези за политички маркетинг, ќе одговори со аргументи и цитирање на закони регулативи кои произлегуваат од ингеренциите на локалната самоуправа и веројатно ќе се приклучувам и јас кон тие аплаузи и гордо ќе го правам тоа, секогаш кога на произволности ќе се одговара со аргументи, со закони и со цитирање на регулативи. Тоа е стил на оваа локална самоуправа, изјави Бакрачески.

Бакрачески кажа дека бил прозван како член на политичка партија која е брутално вреѓана и омаловажувана, на говорницата во Советот.

-Горд сум што сум припадник на најголемата политичка и идеолошка авангарда во Република Македонија, чија идеја опстојува повеќе од 120 години и е збир на целата авангарда на интелектуалци на македонскиот народ од 1892 година па навака. Ќе бидам секогаш горд на опцијата која што ги носи сите прогресивни процеси во Република Македонија. На сите да им е јасно, не само што нема да бидеме со наведнати глави, туку ќе бидеме секогаш со исправени глави и тогаш кога сме на власт и тогаш кога сме опозиција, нема да дозволиме никој ниту со општинските интереси, ниту со локалните, ниту со државните, на начин на кој што видовме како се одигруваат овие 100 дена од новата Влада, изјави Бакрачески.

Тој напомена дека народот видел што значи брутално показување, лицемерие и хипокризија, на сето она што било видено во една фарса, која за некој се нарекувала револуција.

-Во овие 100 дена видовме што значи демократија, борба за човекови права, слобода на изразување, слобода на медиуми, видовме што значи цензура, посебно департизација на државата. Што значи вашата борба, односно фарса за наметнување на вредности и стандарди во ова општество, во овие 100 дена го видовме тоа лицемерие на таа фарса наречена револуција, изјави Бакрачески.

Тој кажа дека се што прокламирале погазиле, дека тие веројатно имале метафорични памфлети, кои биле купени од други места каде што се правела револуција.

-Барем да бевте инвентивни, нешто свое во таа револуција да воведевте, и сликите и кадрите и изразите и скриптата една која што ја повторувавте на Фејсбук профилите, барем нешто да имавте инвентивност, свое оригинално да воведевте во оваа фарса. Ја видовме таа фарса овие 100 дена и допрва ќе ја гледаат таа фарса граѓаните на Македонија, допрва следи фарсата т.н. револуција, а во овие 100 дена граѓаните на Македонија доволно видоа што значи погазување на зборови, изјави Бакрачески.

Бакрачески порача дека народот после 100 дена шок, полека се свестува во ова општество. Тој зборуваше и за референдумот кој денеска се распиша во Охрид, за кој повторно како и во другите општини не гласаа пратениците на СДСМ. Бакрачески напомена дека претседателката на Советот, Коњаноска објаснила од каде произлегува иницијатива на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ако се водиме според фарсата од вашата револуционерна борба за права и демократија, први требаше да излезете на оваа говорница и да ја поддржите иницијативата, бидејќи нели вие бевте големите демократи, а референдум е израз на највисоката демократска свест на една заедница на едно општество. Викате нема бегалци, како нема, бегалци нон стоп транзитираат низ Република Македонија, цело време и во овој момент додека зборуваме од оваа говорница, бегалци постојано се сместуваат некаде во Република Македонија, изјави Бакрачески.

Тој ги праша советниците на СДСМ, ако нема бегалци поради кои тие ја побиваат иницијативата на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, за одржување на референдум. Бакрачески исто така праша ако нема бегалци, зошто тогаш стратегија за бегалци.

-Тоа е исто како да правиме стратегија за вдомување на Марс и на Јупитер, а ние немаме наши сограѓани на Марс или на Јупитер, вие на тој начин го објаснувате тоа. И тоа како одлуката за распишување на референдум се однесува за прашања од локално значење. Претседателката на Совет на официјален јазик ви ги прочита сите аспекти кои се однесуваат на стратегијата за бегалци, а кои што потекнуваат од локалните ингеренции на локалната самоуправа, изјави Бакрачески.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com