MKDNews.com

Вучиќ: Подговен сум за компромисно решение за Косово

Вучиќ: Подговен сум за компромисно решение за Косово
август 11
07:32 2017

Ако воспоставиме оска на мирот и стабилноста на линијата “север-југ” меѓу Србите и Албанците, кои
се двата најголеми народи на Западен Балкан, следните 100 години ќе ги решиме  80 проценти од
нашите политички проблеми.

Ова го изјави српскиот премиер Александар Вучиќ, кој гостуваше на телевизија “Пинк”.
“Затоа сум готов да учествувам во изнаоѓање на компромисно решение за Косово и Метохија,
решение од кое ќе има незадоволни од двете наши земји, бидејќи само таква одлука може да биде
компромисна.

Денес ние донесуваме одлуки не за нашето минато, туку  за нашата иднина “, истакна
Вучиќ.
Затоа, според него, е исклучително важен внатрешниот српски дијалог за Косово, на кој се повикани
широк круг учесници од јавниот и политичкиот живот во Србија.
“Важно е да имаме добри односи со Албанците и да се поправиме еднаш засекогаш, а не да го
одржиме замрзнатиот конфликт”, истакнал српскиот претседател.

Тој е свесен дека одредени кругови во Србија нема да му простат за каков и да е компромис и тоа
може да има лични и политички последици.
“Тука се поставува основното прашање дали ќе имаме доволно храброст да се погледнеме во очи и
да кажеме дека тоа е реално, а тоа не е, и да имаме доволно храброст да кажеме дека не може да се
стави нешто за што некој мисли дека така треба да биде, без при тоа да понуди сериозни аргументи.
Треба да претставиме аргументите и да се дојде до решение, додаде Вучиќ.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com