MKDNews.com

Во Црна Гора уловена ајкула од 2,2 метри (фото)

Во Црна Гора уловена ајкула од 2,2 метри (фото)
август 10
10:34 2017

Кај островот Света Недела во близина на црногорскиот приморски град Будва, е уловена ајкула долга 220 сантиметри.

Фотографиите од „уловот“ набрзо се проширија низ социјалните мрежи и интернет порталите, предизвикувајќи страв кај локалните жители гостите.

Но, властите соопштија дека „нема место за паника“, бидејќи станува збор за т.н. сина ајкула, која не претставува опасност за луѓето, затоа што се храни со лигњи.

Овој тип на ајкули обично живеат во отворени мориња, но често можат да се видат и во близина на бреговите на Средоземното Море и на европското крајбрежје на Атлантскиот Океан.

Досега се регистрирани многу мал број на случаи кога овие ајкули напаѓале луѓе.