MKDNews.com

Трамп: ќе заштедиме пари со протерувањето на дипломатите од Русија

Трамп: ќе заштедиме пари со протерувањето на дипломатите од Русија
август 11
07:45 2017

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да протера стотици американски дипломати од Русија ќе им заштеди пари на Соединетите држави.

Според него, одлуката на Москва ќе го намали „списокот за плати“ и „ќе заштеди многу пари“.

Ваквите негови забелешки пред новинарите во неговиот голф центар во Њу Џерси е прв јавен одговор на потегот на Путин.

Новинарите кои му поставуваа прашања на Трамп изјавија дека не било јасно дали американскиот претседател се шегувал за одлуката за протерување на 755 вработени во амбасадата и конзулатите во Русија поради новите американски санкции.