MKDNews.com

Страв од нуклеарен напад – Јапонците масовно купуваат подземни бункери

Страв од нуклеарен напад – Јапонците масовно купуваат подземни бункери
август 11
09:55 2017

Заканите кои деновиве ги упати Северна Кореја за можен нуклеарен напад, драстично ја зголеми продажбата на подземни бункери во Јапонија.

Jапонија, покрај Јужна Кореја, е земјата што би можело прва да се најде на удар на Пјонгјанг.

Јапонските компании, кои се занимаваат со изработка на засолништа во случај на војна, објавија дека вовеле листа за чекање, а се зголемила и продажбата на прочистувачи на воздух во случај да дојде до војна со хемиско оружје.

Дека во Јапонија владее страв докажува и фактот дека и американските фирми кои изработуваат засолништа се затрупани со побарувачка од Јапонците.

Во исто време, јапонската влада на телевизиски канал емитува спот со кој се советуваат луѓето како да се однесуваат во случај на напад.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com