MKDNews.com

Реал Мадрид го освои Суперкупот во Скопје

Реал Мадрид го освои Суперкупот во Скопје
август 09
09:42 2017

Реал Мадрид го освои трофејот на  Суперкуп на УЕФА во Скопје во натпреварот против Манчестер Јунајтед

Победата за Реал Мадрид ќе значи награда од 3 милиони евра, а поразот за Манчестер Јунајтед 2,2 милиони евра.

Реал Мадрид поведе во 24-тата минута со голот на Карлос Касемиро, па со голот на Иско во 52-та минута со 2 спрема 0.

Во 62-та минута фудбалерот Ромелу Лукаку го даде единствениот гол за Манчестер Јунајтед.

За Реал ова е четврти трофеј во Супер купот, а втор во низа. Мадридскиот тим со тоа стана втората екипа по Милан, кој двапати последователно се радуваше на овој трофеј (1989 и 1990 година). Претходно Реал покрај минатогодишниот трофеј до кој стигна со победата над шпанскиот ривал Севиља 3-2, победи и во 2002 година против Феенорд (3-1) и 2014 година во Кардиф повторно против Севилја со 2-0.

Манчестер Јунајтед и по трет пат во низа не успева да стигне до трофејот кој „црвените ѓаволи“ го освоија пред 26 години, кога во 1991 година ја совладаа белградска Црвена Звезда.

Со овој триумф Реал ја продолжи доминацијата на шпанските екипи кои сега имаат 14 трофеи од Супер купот, пред тимовите од Италија кои имаат 9 трофеи, додека за англиските екипи останаа седум триумф.

Барај Вести