MKDNews.com

Почна снимањето на продолжението на „Мама миа“

Почна снимањето на продолжението на „Мама миа“
август 23
07:00 2017

Хитот од пред една деценија, филмот „Мама Миа” ќе добие свое продолжение со наслов „Mamma Mia! Here we go again!”. Сценариото е на Ол Паркер, а режијата и припадна на Филида Лојд. Снимањето започнува , соопшти Јуниверзал Пикчрс.

Десет години по првиот филм мјузикл што заработи над 600 милиони долари ширум светот, публиката ќе се врати на грчкиот остров Калокери, на звуците на нови композиции засновани на песните на некогашната легендарна група АББА.

Продолжението ќе го продуцираат Џуди Крајмер и Гери Гоцман. Крајмер е и продуцент на театарскиот мјузикл од кој произлезе филмската сага.

Оскаровката Мерил Стрип ќе ја повтори улогата на Дона, како и повеќето од актерската екипа од првиот дел. Ново лице во тимот е Лили Џејмс која ќе го толкува ликот на Дона во младите години. Бени Андерсон и Бјорн Улваес од групата АББА беа ангажирани за музиката и за текстот за филмот. Премиерата е закажана за 19 јули наредната 2018 година.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар