MKDNews.com

Огромно пиле со лик на Трамп поставено пред Белата куќа

Огромно пиле со лик на Трамп поставено пред Белата куќа
август 11
07:22 2017

На тревникот пред Белата куќа во Вашингтон осамна пиле високо десет метри со фризура на американскиот претседател Доналд Трамп .

Пилето го доби името ,,Chiken Don “ , има златна коса со фризура како на Трамп и има намуртен израз . Според сопственикот на огромната играчка на дување , Таран Син Брар , пилето ја претставува Американската неефикасна администрација .

Активистот сакал да го претстави претседателот како исплашено пиле и сакал да привлече внимание на ,,претседател што ги дестабилизира САД” .

– ,,Дојдовме за да го критикуваме слабиот и неефикасен претседател кој се плаши да ги објави и своите даночни документи . Се плаши да му се спротивстави на Путин и сега игра кукавички со Северна Кореја “ , изјави Брар за ББЦ.

Според истите информации , дозвола за да го постави огромното пиле на тревникот во Белата куќа , Брар добил од тајните служби .