MKDNews.com

Норвешката државна телевизија ќе емитува часови по секс

Норвешката државна телевизија ќе емитува часови по секс
август 04
19:52 2017

Норвешката национална радио телевизиска компнија НРК до крајот на годината ќе почне да емитува емисија во која ќе бидат прикажувани двојки како водат љубов.

Проектот е започнат со цел да им се помогне на тинејџерите да стекнат здрава слика за голотијата, нивните тела и за сексуалните односи. Автори на емисијата пд наслов „Line fikser kroppen“ распишаа конкурс за двојки кои ќе се согласат јавно да имаат сексуални односи.

– Главна замисла која се крие зад оваа идеја не е прикажување на сексуални органи во акција, туку оддалечување од вообичаениот начин на прикажување на сексот. Сакаме да им покажеме на младите дека станува збор за убава и интимна активност – изјави водителката Лине Елвсашаген.

Главниот уредник на емисијата Хакон Мослет вели дека станува збор за нов вид програма која дава поинаков поглед од оној кој е застапен во порнографските филмови.

– Константното покажување на телата подложени на разни хирушки интервенции и кореографиран сексуален чин може кај младата популација да створи голем број илузии и лажни надежи. Ние веруваме дека со прикажувањето на целокупниот љубовен чин, а не само пенетрацијата ќе успееме да ја промениме погрешната слика која младите ја имаат за сексот – заклучи Мослет.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com