MKDNews.com

Не успеала да се паркира и паднала од седми кат (Видео)

Не успеала да се паркира и паднала од седми кат (Видео)
август 14
13:40 2017

Обидот на жителка на американскиот град Остин да паркира во катна гаража за малку ќе завршеше трагично.

На социјалните мрежи се појави видео, на кое се гледа како нејзиното возило паѓа од голема височина и за малку ќе смачкаше друг автомобил, кој се движел долу на тротоарот. Вилијам Бирч, кој возел Шевролет Тахое раскажува дека веднаш штом слушнал бучава над главата, сфатил дека треба да се премести од местото на кое се наоѓал, пишува Дејли Меил.


Прозорецот ми беше отворен и слушнав некаква бучава, се оддалечив и во тој момент колата слета врз задниот дел на мојот автомобил, изјави Бирч за британското издание.

Еден од полицајците кои пристигнале на местото на настанот, истакна дека ако возачот не го направил спасувачкиот маневар, возилото на жената ќе слетало врз неговата глава.

Жената која паднала од седмиот кат преживеала и сега се наоѓа во болница. Таа најверојатно ги згрешила педалите за сопирачката и гас.

Барај Вести