MKDNews.com

Направила 13 пластични операции за да личи на Иванка Трамп

Направила 13 пластични операции за да личи на Иванка Трамп
август 21
21:30 2017

Тифани Тејлор за една година направила 13 пластични операции за да личи на својот идол Иванка Трамп.

– Досега имам направено 13 операции. И претходно бев убава, но сега сум поелегантна – изјавила Тифани.

На прашањето зошѕо толку очајно сака да изгледа како ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, таа одговори дека Иванка треба да биде пример за сите жени.

Направила две операции на градите, една на носот, на очните капаци и липосукција на стомакот и задникот. Исто така ставила импланти во образите.

Покрај бројните операции што веќе ги има направено, Тифани сака уште една операција на носот. Хирурзите ја одбиле бидејќи последен пат го оперирала носот четири месеци претходно.

Тифани исто така откри дека била во брак 10 години и се развела, а операциите почнала да ги прави неколку месеци подоцна.

Барај Вести