MKDNews.com

Македонија се уште гори – активни десетина пожари

Македонија се уште гори – активни десетина пожари
август 11
11:18 2017

Во Македонија се уште се активни 10-ина пожари.

Трета недела гори во регионот на Македонски Брод.

Најкритично е кај селата Растеш, Грешница и Волче.

Според центарот за управување со кризи, пожари има и на бистра, во кичевскиот регион.

Активен е пожарот кај местото викано Фрлогоец, каде што горат пасишта и нискостеблести дрва.

Пожар има и во општина чашка и во кавадаречко, каде што огнот се шири кон селото Галиште.

Во општина Прилеп, пожарот во село Никодин се уште е активен и настанато е спојување со пожарот од Велес.

Гаснењето од тешко поради ветерот кој повредено дува во регионот.

Гори и во близина на манастирот Трескавец, кај селата Горно Село и Мраморани, а дежурна екипа се обидува да го стави под контрола.

Од ЦУК велат дека трите пожари во скопскиот регион, во општините Ѓорче Петров, Петровец и Студеничани се локализирани.

Барај Вести