MKDNews.com

Џафероски е нов директор на ДЗС, Салиу заминува

Џафероски е нов директор на ДЗС, Салиу заминува
август 10
12:21 2017

Шабан Салиу утрово добил решение дека повеќе не е директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), а на негово место доаѓа Аднан Џафероски.

Информацијата за  порталот Плусинфо ја потврдил Салиу, кој вели оти нема да остане во ДЗС туку повторно ќе почне да работи како адвокат или профсеор на Универзитетот МИТ, каде што бил доцент.

Аднан Џафероски е член на Извршниот одбор на СДСМ од 2013 година. Неговото високо образование е од областа на бизнисот, политичките науки и меѓународните односи.

Тој доаѓа на чело на институција која во изминатите неколку години често беше критикувана за нејзината неефикасност (не)ефикасност. Таа е самостоен државен орган, чиј директор го назначува Владата.