MKDNews.com

Денес пеколно топло време – за викендот заладување и дожд

Денес пеколно топло време – за викендот заладување и дожд
август 11
07:57 2017

Денес  ќе се задржи претежно сончево и многу топло време со натпросечни температури на воздухот.

Во сабота во текот на денот ќе има зголемување на облачноста и ќе дува засилен југозападен ветер, но дневната температура се уште ќе се задржи висока.

Во попладневните часови и ноќта кон недела ќе биде променливо и нестабилно со врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Локално можно е процесите да бидат поинтензивни, особено во источните делови.

Во недела ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура значително ќе се намали, на места и за повеќе од 10 степени.

Од понеделник ќе биде стабилно со постепен пораст на дневната температура, но во рамките на просекот за овој период од годината.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com