MKDNews.com

Анџелина Џоли и Бред Пит го стопираат разводот!

Анџелина Џоли и Бред Пит го стопираат разводот!
август 10
11:21 2017

Холивудските ѕвезди Анџелина Џоли и Бред Пит, го стопираат разводот, пренесува магазинот „Us Weekly”.
Извор близок на двајцата актери, за магазинот вели дека тие веќе неколку месеци не преземаат ништо околу бракоразводната постапка и дека најверојатно разводот нема да се оконча.

Џоли, која побара развод во септември минатата година, се предомислува откако Пит почнал да го решава својот проблем со алкохолизмот за што искрено зборуваше во неговото ексклузивно интервју за магазинот GQ.

„Сите веруваат дека тие повторно ќе бидат заедно. Нема да биде изненадување ако го стопираат разводот и се потрудат да ги подобрат односите”, „Us Weekly” ја пренесува изјавата на изворот кој потенцира дека тоа пред се го прават за доброто на нивните деца.

Парот има шест деца од кои три се посвоени и три биолошки. Во овој турболентен период за семејството, децата беа со Џоли, додека Пит во меѓувреме беше на терапија за откажување од алкохолот, која меѓу другото вклучуваше и изработка на скулптури во неговото студио во Лос Анџелес.