MKDNews.com

Во Турција се одбележува годишнината од неуспешниот пуч

Во Турција се одбележува годишнината од неуспешниот пуч
јули 15
09:57 2017

Во Турција денеска се одбележува првата годишнина од неуспешниот обид за државен преврат.

Според турските власти, терористичката организација ФЕТО на муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен е одговорна за пучот извршен ноќта на 15 спроти 16 јули минатата година.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган објави вчера дека во државата ќе почне „национално демократско бдеење“ и ќе трае до полноќ на 16 јули. Закажана е седница на парламентот со специјална програма.

Попладне во Истанбул ќе почне поход на национално единство на Ердоган, ветерани од превратот и роднини на загинатите.

Претседателот ќе има говор и ќе биде прикажан документарен филм за 15 јули. Ќе биде отворен и споменик на жртвите од неуспешниот пуч.