Струшката депонија повторно гори

јули 06
08:35
2017
Повторно се активираше пожарот кај депонијата во Струга, а пожарникарските екипи се борат со пламенот. Црни облаци чад пак се надвиснуваат над Струга и струшко и се шири непријатна миризба.
Ова е уште едно ново активирање на пожарот кое доаѓа само една недела откако беше преземена акција за гаснење на претходниот пожар и откако депонијата беше покривана со земја и песок за да се спречат нови вакви непогоди.
Граѓаните се сериозно загрижени за своето здравје. Жителите на струга бараат решение за проблемот со дивата депонија која се наоѓа на само 500 метри од градот.
</d
Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?
Напишете Коментар