MKDNews.com

СЈО се прогласи надлежно за „Сопот“

СЈО се прогласи надлежно за „Сопот“
јули 14
06:32 2017

Специјалното јавно обвинителство се прогласи за надлежно за предметот „Сопот“. Откако минатата седмица го доби предметот од Обвинителството за организиран криминал и корупција, СЈО имаше рок од 8 дена да се произнесе.

Адвокатот Насер Рауфи, за ТВ 21 потврди дека добил известување од Специјалното обвинителство во кое се наведува дека е донесена одлука, на следното рочиште кое ќе се одржи во септември, обвинители од тимот на Катица Јанева да го застапуваат предметот. Во случајот „Сопот“, единаесет жители од истоименото кумановско село, беа осудени за тероризам и добија вкупно 150 години затвор.

Се товареа дека во март 2003, подметнале експлозивна направа на локалниот пат Сушево – Сопот. При експлозијата загинаа двајца припадници на полскиот контингент на НАТО и еден македонски цивил. СЈО го бараше овој предмет бидејќи има јавно објавени прислушувани разговори, и со цел специјалната обвинителка да утврди дали е надлежна и за овој предмет.

Барај Вести