MKDNews.com

Роналдо со близнаците (фото)

Роналдо со близнаците (фото)
јули 03
19:07 2017

Светската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо ја објави првата фотка со своите близнаци, кои му ги роди сурогат мајка.

-Многу сум среќен што може да ги држам в раце моите две нови големи љубови! Напиша гордиот татко Кристијано покрај фотката на која тој во рацете ги држи своите две нови деца, малите близнаци.

Според дел од светските медиуми , повикувајќи се на анонимни извори објавија дека близнаците ги добиле имињата Ева и Матео.

Инаку Кристијано е татко и на седумгодишниот син Роналдо Јуниор роден исто така од сурогат мајка во 2010 година.