Разголени активисти бараа правда за биковите во Памплона (видео)

јули 06
08:42
2017
Стотина активисти за заштита на правата на животните се собраа на плоштадот во Памплона во знак на протест против бруталното убивање бикови .
Утре почнува фестивалот Санферминес , познат по трката со бикови по улиците на Памплона . Трката , во која обично има повредени учесници , завршува во0 арената каде се одвиваат борбите со бикови .
Активистите се соблекоа на плоштадот , се полија со црвена боја и ги извикува апаролите против убивање на биковите во арената .
На фестивалот се очекува да пристигнат околу милион посетители , а во борбите во арената ќе бидат убивани по шест бика дневно .
Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?
Напишете Коментар